|

(Видео) Иранец истури јогурт врз две жени кои не носеле џихаб, а полицијата ги приведе

Две жени во Иран се уапсени откако маж ги полил со јогурт затоа што не носеле хиџаб во продавница во североисточниот град Шандиз, објави новинската агенција Мизан.

На видеото од инцидентот во четвртокот се гледа како маж ѝ приоѓа на една од жените која не носи хиџаб и прво разговара со неа, а потоа зема јогурт и го истура врз нејзината глава. Веднаш потоа и налева јогурт врз главата на другата жена која била со неа, исто така без хиџаб.

Remarkable video: An Islamist morality police in Mashhad, Iran pours yogurt over the heads of two women for not wearing hejab.

In a previous era the shopkeeper may have been afraid to intervene against government thugs, but times have changed in Iran. pic.twitter.com/4PWu4btPhl

— Karim Sadjadpour (@ksadjadpour) March 31, 2023

Уапсен беше и мажот поради нарушување на мирот, пишува „Си-ен-ен“. Сопственикот на продавницата добил предупредување затоа што не им укажал на жените да носат хиџаб.

Од есента во Иран во тек се протести поттикнати од смртта на младата Курдка Махса Амини во притвор, каде што беше одведена бидејќи, според полицијата, неправилно ја покрила косата.

Во протестите загинаа стотици луѓе, меѓу кои и десетици припадници на безбедносните сили. Властите ги нарекуваат протестите „немири“ оркестрирани од странство, од центри непријателски кон Иран.

Вчера претседателот на Исламската Република Иран, Ебрахим Раиси уште еднаш ги повика Иранките да носат превез бидејќи тоа било „верска обврска“.

Иранското Министерство за внатрешни работи ги повикува граѓаните да се спротивстават на непокриените жени. Ваквите упатства во изминатите децении ги охрабруваа тврдокорните да ги напаѓаат жените и да не одговараат за тоа, што предизвика бројни реакции во развиените демократии во светот.

Прочитајте и: Бакнеж прикажан на телевизија во Иран – изби скандал, телевизијата се извини

Слични Објави