(ВИДЕО) ИЗАБЕЛА-ПРЕКРАСНИОТ ОСТРОВ НАЛИК НА МОРСКО КОЊЧЕ

Еве уште едно заштитено и речиси непознато место на нашата планета кое се наоѓа во Еквадор.

Изабела (Албемари) ((Isabela (Albemarle)) е остров кој го добил името во чест на кралицата Изабела. Тој е најголемиот остров во Галапагос со површина од 4.640 км2 и највисока точка од 1.707 m. Неговиот облик налик на морско коњче е резултат на спојувањето на 6 големи вулкани во едно парче земја. На овој остров има: галапагоски пингвини, корморани кои не може да летаат, водни игуани, пеликани и Сели Лајтфут морски ракови (Sally Lightfoot crabs). На рабовите и во калдерите на вулканите на островот може да се набљудуваат копнени игуани, галапагоски желки, како и дарвинови сипки, галапагоски соколи, галапагоски лебеди и многу интересен растителен свет. Исто така е и единственото место во светот каде може да се види пингвин во својата природна средина на северната полутопка.



Слични Објави