|

(Видео) К8: ДЖИМ / Политичкиот судски процес против Љупчо Ѓоргиевски

Го коментираме политичкиот судски процес против Љупчо Ѓоргиевски, македонски Бугарин од Битола. Наши соговорници се адвокатката Фанче Димитровска од адвокатскиот тим на Насер Рауфи, која го брани обвинетиот Љупчо Ѓоргиевски, и Томе Блажески од Охрид, претседател на едно од бугарските здруженија укинати со посебен закон, против кого се поднесени и обвиненија.

ДЖИМ е кратенка за „Да живее Иван Михајлов“ – во годините на Тито/Колишевски, македонските Бугари ја користеле оваа кратенка за да ја изразат својата национална и идеолошка припадност. Исто како што раните христијани, прогонувани во Римското Царство, ја означувале својата вера не со крст или зборови, туку со прикажување риба.

Во 21 век, во Р. С. Македонија, земја кандидат за членство во ЕУ каде што комунизмот официјално исчезна, сè уште живее духот на Суд за судење “престаплениjата” против македонската национална чест. Судот го нема, но неговиот дух се задржува во македонското општество како збир на ставови, вредности и дејствија – против Бугарите. Судењето против Љупчо од Битола е плод на овој мрачен дух на една мрачна ера.



Слични Објави