|

(Видео) Како спасувачите трагаат по преживеани под урнатините

Спасувачите од цела Турција четврти ден трагаат по преживеани под урнатините по разорните земјотреси кои го потресоа регионот.

Досега загинале повеќе од 17.000 луѓе, но чуда се’ уште се случуваат и спасувачите наоѓаат преживеани деца и семејства под урнатините.

На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како спасувачите одлучуваат дали да почнат да копаат под некои урнатини или не.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by İzzet Çapa (@izzetcapa)

Со сиот глас заедно извикуваат: „Дали нè слушаш?“, па се надеваат дека ќе го слушнат гласот што живот значи.

И спасувачи од Македонија заминаа и во Турција за да им помогнат на своите колеги во потрагата по жртвите од земјотресот.

Слични Објави