(Видео) Каракачанов: Тодор Александров ги осудувал на смрт луѓето како денешните политичари во Македонија

//

„Ако направиме паралела со денешните политичари во Македонија… Тие се откажаа од вистинската историја на Македонија, потпишаа секакви договори само и само да се дофатат до едни европски фондови, за да можат да ги украдат и нив, како што ги крадат парите на обичниот Македонец во Република Македонија. Такви луѓе Тодор Александров ги осудувал на смрт и ги казнувал. Тоа е паралелата“, изјави претседателот на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов за порталот Трибуна, за време на одбележувањето на 97-та годишнина од смртта на водачот на историската ВМРО Тодор Александров.

Традиционално, одбележувањето на годишнината од убиството на Александров се одржа во организација на ВМРО-БНД, покрај вечното почивалиште на големиот бугарски револуционер, над селото Сугарево, мелничко.

Каракачанов подвлече дека и покрај парите потрошени за како што вели „купување на совести“, политичарите во Скопје нема да можат да ја победат вистинската кауза на Македонија.

„Ако некој од политичарите во Скопје си мисли дека со трошење пари и со купување на совести, ќе можат да ја победат вистинската кауза на Македонија, се лажат многу и нема да успеат. Како што не успеаја да го избришат името на Тодор Александров од историјата“, вели Каракачанов.



Целосната изјава на лидерот на ВМРО-БНД можете да ја слушнете во видеото што следи:

Претходна статија

Најмногу вакцинирани во Неготино, Кавадарци и Охрид, најмалку во Гостивар и Дебар

Следна статија

Нова владина одлука – се спречува злоупотребата на службени возила

Најново од Вести