| |

(Видео) Ќе јадеме трева, но нема повторно да станеме руска колонија

„Сметаме дека ако Путин успее во Украина, ние ќе бидеме следните. Затоа трошиме 2% од БДП за одбрана веќе 20 години, а сега издвојуваме 4,7%“. Ова го изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски во ново интервју, јавува Актуално.

Сикорски додаде и следното, на прашањето дали полското општество се согласува со тие трошоци:
„Забавно е што кога мојот колега, министерот за финансии, присуствува на настани, го прашуваат како успеваме да ги издвојуваме овие средства. Тој одговара вака: ‘Ќе јадеме трева, но нема повторно да станеме руска колонија’.“

Всушност, токму Полска е најблиску до новата цел во НАТО – да се трошат по 5% од БДП за одбрана. Оваа цел беше поставена од американскиот претседател Доналд Трамп пред неколку месеци.

Слични Објави