|

Клековски: Именувањето за директор го доживувам како признание за досегашната работа на целиот тим на Фондот за здравство

На денешниот брифинг со претставниците на медиумите, генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски, се осврна на актуелните состојби, реформските процеси и идните приоритети на Фондот, при што ја информираше јавноста и за одлуката на Владата со која е именуван за директор на ФЗО со полн четиригодишен мандат.

Во своето обраќање, директорот Клековски истакна дека укажаната доверба претставува голема чест, но пред се сериозна обврска за продолжување на започнатите реформи, унапредување на ефикасноста и јакнење на стабилноста и транспарентноста на Фондот.

„Ова именување го доживувам како признание за досегашната работа на целиот тим на Фондот во изминатиот период, но и како обврска уште посилно и поодговорно да продолжиме да работиме во интерес на осигурениците, здравствените работници и здравствениот систем во целина“, истакна директорот Клековски.

Тој упати искрена благодарност до Владата, претседателот на Владата г. Христијан Мицкоски, Министерството за здравство и Управниот одбор на Фондот за укажаната доверба, како и до раководниот тим и вработените во Фондот за нивната професионалност, посветеност и секојдневен ангажман.

Посебна благодарност директорот упати и до здравствените работници, осигурениците и медиумите, нагласувајќи дека токму отворената комуникација, критичкиот осврт и професионалното информирање на јавноста претставуваат значаен придонес во градењето на транспарентен, отчетен и одговорен здравствен систем.

Воедно, директорот Клековски му упати честитки и на новоименуваниот заменик-директор на Фондот, Седат Бислими, посакувајќи успешна и продуктивна соработка во понатамошното раководење со институцијата.

На брифингот беа презентирани и повеќе показатели и информации поврзани со работењето на Фондот, состојбите во здравствениот систем, одржливоста на јавните здравствени установи, продуктивноста, како и прашања поврзани со работните односи и судските постапки.
Генералниот директор одговараше и на новинарски прашања, при што ја потенцираше определбата на Фондот за отворена, транспарентна и редовна комуникација со јавноста и медиумите.

„Пред нас е период на многу работа, силно темпо и видливи реформи. Со јасна визија, тимска работа и посветеност продолжуваме напред кон поефикасен, поодржлив и поквалитетен здравствен систем“, порача директорот Клековски.

 



Слични Објави