Извршната агенција за Бугарите во странство отвори три конкурси за талентирани деца и младинци со општа тема „Моите бугарски корени“
Извршната агенција за Бугарите во странство го најави отворањето на традиционалните конкурси за деца и младинци од бугарските заедници во странство за 2024 година, а исто така и темите за:
28-то издание на литературниот конкурс „Стефан Гечев“, 28-то издание на ликовниот конкурс „Бугарија во моите соништа“ и 15-то издание на конкурсот за пеење „Љубка Рондова“.
„Оваа година конкурсите ги посветуваме на бугарските корени, на нашето родно место, кое што со невидливата нишка на љубовта нѐ враќа во Бугарија. Веруваме дека секој учесник има што да каже – со зборови, четка или песна – за неговото омилено место во Бугарија: град или село каде што се чувствува удобно и среќно. Родното место ја има таа моќ на привлекување и ова е прилика да раскажеш повеќе за историјата, природата, забележителните места каде се што се враќаш или знаеш од хрониките на предците дека потекнуваш од таму, а исто така и чувствата што сите тие ги будат кај тебе“, велат од Извршната агенција на Бугарите во странство.
Драги деца, дури и да сте родени во странство, прашајте ги вашите родители, баби и дедовци од каде им се корените во Бугарија и разкажете за тоа место.
Предлагаме на потенцијалните учесници на овогодинешните конкурси да ја разгледаат предложената тема од следниве перспективи:
Литературен конкурс „Стефан Гечев“: „Што ме враќа во Бугарија?“ и „Моето родно место или што знам за моите бугарски корени“.
Ликовен конкурс „Бугарија во моите соништа“: „Традиции и обичаи во мојот роден крај“ и „Културни знаменитости во мојот роден крај“.
Конкурс за пеење „Љубка Рондова“: „Песни од мојата родна земја“ и „Песни на моите предци“.
Вашите дела ги очекуваме на адреса на агенцијата: Извршна агенција за Бугарите во странство бул. Дондуков 2А, Софија – 1000, Бугарија како и на е-маил адресите на координаторите на конкурсот:
Литературен конкурс „Стефан Гечев“: [email protected]
Ликовен конкурс „Бугарија во моите соништа“: [email protected]
Конкурс за пеење „Љубка Рондова“: [email protected]
Крајниот рок за поднесување на готовите дела е 15 април 2024 година.
Резултатите ќе бидат објавени на 1 мај 2024 година.
Доделувањето на наградите ќе се одржи на 7 август 2024 година во градот Софија.
Сите дела ќе бидат оценувани од специјализирани комисии за секој поединечен натпревар. Во секоја возрасна група, учесниците ќе бидат рангирани I, II и III и ќе бидат наградени со сертификати, медали и други награди. Можно е да се доделат специјални награди на жирито (за секој натпревар).
ВАЖНО:
И годинава наградата за првите места на натпреварите и наградените учесници со специјална награда ќе имаат можност да ја посетат Бугарија на летен камп во рамките на десетдневен престој во периодот 8-17 август /9 ноќевања/10 денови во близина на прекрасното бугарско црноморско крајбрежје. Наградените учесници или нивниот претставник мора да ја потврдат или отфрлат можноста за престој во Бугарија во периодот предвиден погоре по објавувањето на наградните места до 15 мај 2024 година. Доколку некој од наградените одбие или не може да ја посети Бугарија, организаторите ќе ги поканат второ или третонаградените“, стои во соопштението на Извршната агенција за Бугарите во странство.
Порталот Трибуна во неколку продолженија ќе ги претстави со повеќе детали трите конкурси за деца и младинци во организација на Извршната агенција за Бугарите во странство.
