ИНИЦИЈАТОРИТЕ ЗА СТОПИРАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА УЧЕБНИЦИ ЧЕКААТ ПОКАНА ЗА НОВА СРЕДБА ОД МОН

/

Иницијаторите за стопирање на носење на новиот закон за учебници за основно и средно образование, здружени во фејсбук-групата „Учебници и настава мора да има“, од МОН чекаат покана за нова средба откако првата во четвртокот заврши без заклучок односно со ветување дека повторно ќе бидат поканети.

Претставничката на групата Драгана Спасевска изјави за МИА дека викендов не добиле покана за нова средба и дека ќе почекаат до утре попладне, до завршување на работното време на МОН, а дотогаш нема да ја бојкотираат наставата, пренесува zoom.mk. Доколку не се оствари најавената повторна средба, рече дека ќе ја известат јавноста за следните чекори.



-Утре ќе бидам во Скопје и ќе чекам до крајот на работното време. Ако не биде, ќе ве известиме за понатаму, рече Спасовска.

Претходна статија

(ВИДЕО) ЦРВЕНАТА АРМИЈА „МАРШИРА“ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГЛАВНИОТ ГРАД НА ЗЕМЈА ЧЛЕНКА НА НАТО

Следна статија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ БАРА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРИТВОРОТ НА КАМЧЕВ

Најново од Вести