| |

(Видео) Колев: Бугарското општество не треба да дозволи уште едно предавство кон Бугарите во РС Македонија

Бугарското општество не треба да дозволува „уште едно предавство на Бугарите во Македонија“. Ова го изјави Петар Колев, лидер на партијата Граѓанско Демократска унија за бугарската телевизија Bulgaria On Air.

„Барем еднаш да бидеме на висина на задачата и да ги заштитиме нашите браќа во Македонија. До кога тие ќе бидат користени за поткусурување заради некаков мир, стабилност, дипломатски игри на Балканот и во Европа? Ајде овој пат бугарскиот народ како за време на Соединувањето да го штити сопствениот интерес и да ја штити сопствената кауза. Со задоволство можам да кажам дека бугарскиот народ успеа да се обедини околу таа кауза. Секој политичар кој ќе се обиде да го разедини бугарскиот народ од неа, во моите очи а и во очите на идните генерации ќе биде сметан за национален предавник“, изјави Колев.

Слични Објави