| |

Пашкулев: Проблемот е што РС Македонија не ги спроведува и не ги почитува европските вредности

Додека РС Македонија не почне да ги спроведува договорите што ги потпишува ние не можеме да одиме напред, бидејќи не можеме да бидеме сигурни дека тоа што се договара ќе биде исполнето во иднина. Ова го изјави Георги Пашкулев главен уредник на информативната агенција БГНЕС за бугарската телевизија BG on Air.

„Проблемот е во тоа дека РС Македонија не сака да ги спроведува и да ги почитува европските вредности. Овде не се работи само за правата на човекот, туку и за историјата бидејќи и таа е европска вредност. Ние не спориме за историјата. Сите знаат каков бил Самоил. Проблемот е во фалсификувањето на историјата кое што се врши во Македонија со цел наметнувањето омраза, а ние знаеме дека добрососедството е еден од основните европски принципи“, изјави Пашкулев.



Слични Објави