| |

Ноев: Петков беше ставен во замка за РСМ и сега сака да излезе од неа

На 15 април годинава, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска во Парламентот изјави дека Бугарија има две надворешни политики. Таа го обвини Петков и неговиот кабинет, особено неговите советници, дека водат втора надворешна политика, што е во спротивност со досегашната позиција на Бугарија. Доказите се многу, тие што ја следат темата гледаат дека учесниците во преговорите со РСМ, уште на почетокот на преговорите ПП имале готов документ даден од некој за да се утврди идната надворешна политика на Бугарија во однос на РСМ. Не знаеме од кого. Ова го изјави поранешниот министер за одбрана Бојко Ноев за бугарската телевизија Евроком.

„За мене е срамно што ваквите откритија од собраниската говорница останаа без последици, беа замаглени. Но кога се водеа преговори внатре во коалицијата, се сеќавате што направи прво премиерот Кирил Петков, тој ја испрати својата втора надворешна политика во Скопје и замина. Петков рече дека тоа што се случило досега не е важно и најави создавање на работни групи. Исто така рече дека е изненаден што нема авиокомпанија. Но гласови од публиката кажаа дека веќе имало 4 обиди за авионска линија кои не успеале да се реализираат од објективни причини. Му кажаа дека работните групи не можат да бидат ефективен инструмент, бидејќи тие се насочени за справувањето со последиците, а не за справувањето со причината за влошените односи меѓу нашите две земји. Главната причина е целосната дебугаризација“, рече Ноев.

„Во РСМ е забрането да се биде Бугарин, од таму доаѓа отцепувањето на Бугарија. Затоа нема Коридор 8, Бугарија мора да се одвои, Бугарите треба трајно да бидат избришани во РСМ заедно со нивната историја. Втората надворешна политиката нанесе штета на бугарската позиција и ги забави процесите за можно започнување на преговорите на РСМ со ЕУ“, рече поранешниот министер за одбрана.

„Кирил Петков ја сфати бесперспективноста на втората надворешна политика. Тој ја разбра замката во која го ставија и сака да излезе од неа. Неговото неискуство го стави во оваа замка. Тој не учел историја, не ја познава Бугарија , не го познава бугарскиот политички систем“, изјави Ноев.

Слични Објави