(Видео) Вигенин: Немаме ниту една причина да го укинеме ветото

//

„Денес немаме причина да кажеме дека ветото треба да се укине. Ако ништо не се случи, нема шанси да го укинеме ветото. Ние мора да ги следиме нашите цели. Тоа е ставот на БСП“, изјави потпретседателот на бугарскиот парламент и пратеник од редовите на Бугарската социјалистичка партија Кристијан Вигенин за Бугарската национална телевизија.

Вигенин смета дека е неопходно да се има Консултативен совет за национална безбедност кај претседателот за оваа тема, бидејќи таа е доволно контроверзна и само претседателот Румен Радев може да ги собере сите партии и институции на една маса.

Запрашан дали прашањето за РС Македонија треба повторно да влезе во парламентот за нова декларација, Вигенин рече: „Не знам дали е време за тоа, ако немаме нешто ново како основа“.



„Советот може да биде поддржан со одлука на собранието, на Владата, но тоа се натамошни чекори. Да видиме дали имаме нешто конструктивно и позитивно од кое можеме да излеземе и што ќе го гарантира нашиот долгорочен интерес како држава“, објасни Вигенин.

Претходна статија

Ноев: Петков беше ставен во замка за РСМ и сега сака да излезе од неа

Следна статија

Без струја повеќе делови на Скопје

Најново од Вести