ПЕНДАРОВСКИ: ПОТФРЛИВМЕ ВО ПРИМЕНАТА НА МЕРКИТЕ ПРОТИВ КОВИД-19

Како ги оценувате мерките на Владата во битката против коронавирусот? Сведоци сме дека зравствените власти предлагаа одредени мерки, кои владата, сепак, не докрај ги спроведуваше. На пример за верските празници.

На ниво на системски решенија контра пандемијата во нашата држава не се разликуваше многу од непосредното опкружување, ниту од другите држави во светот, повеќе или помалку. Практично јадрото на тоа, на тие политики, на тие мерки, беа препораките на СЗО. Но нормално е дека во држави коишто немаат такви ресурси и држави кои во историска смисла се колку вчера осамостоени, и немаат подолга институционална меморија да ги планираат на стратешки начин следните децении и децении дека ќе се случуваат вакви испади од системот, да ги речам. Значи мерките беа тие, но во делот на примената на мерките ние потфрливме, како држава зборувам, но тоа не е потфрлање на владата во целина, тоа е потфрлање на некои важни сегменти од општеството и се разбира потфрлање на дел од граѓаните кои се уште не се свесни дека тие мерки мора да се применуваат, тоа е единствен начин за превенција на оваа зараза, вели претседателот Пендаровски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.