|

Конески: СДС ги избрка младите, ВМРО-ДПМНЕ враќа надеж и перспективи

Членот на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески на прес-конференција изјави дека последните настапи на СДСМ, според него, претставуваат обид за ширење апатија и безнадежност кај младите во државата.

Тој оцени дека СДСМ, заедно со ДУИ, во изминатите години создале систем на партизација, корупција и недоверба во институциите, поради што голем број млади ја напуштиле државата.

Конески порача дека наместо самокритика, опозицијата продолжува со реторика која создава чувство дека во Македонија нема иднина, што, како што рече, дополнително ги демотивира младите.

Тој нагласи дека актуелната власт има цел да ја врати надежта и да создаде услови младите да останат во државата, преку подобри можности за образование, вработување, поддршка за бизниси и станбени решенија.

Според него, се работи на создавање услови за модерни студентски домови и кампуси, како и грантови и програми за економска независност на младите.

Конески додаде дека разликата меѓу двете политички визии е суштинска — едната, како што рече, гради иднина и стабилност, а другата создава страв и политичка манипулација.

Тој заклучи дека младите заслужуваат држава што ќе им даде причина да останат и да градат своја иднина во  РС Македонија.

Текстот (Видео) Конески: СДС ги избрка младите, ВМРО-ДПМНЕ враќа надеж и перспективи е превземен од МАКФАКС.



Слични Објави