(Видео) Ковачев со предизвик до македонските медиуми: Прашајте го премиерот Мицкоски каде во предлог-извештајот на ЕП стои зборот „многувековен“ во комбинација со „македонски јазик и идентитет“
Европратеникот Андреј Ковачев упати директен предизвик до македонските медиуми преку објава на социјалната мрежа Facebook, барајќи од нив да го прашаат премиерот Христијан Мицкоски каде точно во предлог-резолуцијата на Европскиот парламент за напредокот на РС Македонија стои зборот „многувековен“ во комбинација со „македонски јазик и идентитет“.
„Знам дека македонските медиуми, а и не само тие, ја следат мојата страница. Затоа им предлагам да го прашаат г. Мицкоски каде во проектотекстот на резолуцијата на ЕП се наоѓа зборот „многувековен“ во комбинација со „македонски јазик и идентитет“, напиша Ковачев.
