| |

(ВИДЕО) Ковачевски: Загрижен сум за ВМРО-ДПМНЕ

Апсолутно погрешно е тоа што ВМРО-ДПМНЕ се противи на членството во ЕУ и стратешките интереси на државата, порача во интервју за сервисот Гласот на Америка, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Претседателот Ковачевски во интервјуто изразил загриженост за неодговорното однесување на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ која заедно со политичката партија Левица се обидувала како што кажа, да го запре процесот на евроинтеграциите.

„Мене ме загрижува и однесувањето на ВМРО – ДПМНЕ коешто секогаш се противи на стратешките интереси на државата. Тие беа против преспанскиот договор и зачленувањето во НАТО, сега беа против предлогот  во однос на преговарачката рамка и отпочнувањето на преговорите со ЕУ. Подоцна, за да можат да се затскријат зад македонските граѓани што впрочем и секогаш го правеле, започнаа една противуставна иницијатива за референдумско изјаснување и исто така ја поддржуваат иницијативата која што Левица сака да ја промовира, а која се однесува исклучиво кон стопирање на патот на државата во ЕУ.

Ковачевски оцени дека државата влегува подготвена во процесот на преговори и дека со ангажирање на сите капацитети, реално можно е тој прцес да заврши веќе во 2030 година.

„Имавме период од 17 години кандидатски статус. Владата на СДСМ со коалиционите партнери работеше изминатите 5 години за усогласување на законодавството со она во ЕУ. Во моментов имаме 45% усогласено законодавство со ЕУ. Веќе имаме направено преговарачка структура која беше официјализирана од Владата, имаме назначено главен преговарач. Вклучени се во преговорите и академската заедница и невладиниот сектор. Сметам дека е реално за 14 месеци да заврши скрининг процесот и да почне отворањето на поглавјата. До 2030-та, согласно темпото со кое се работи, сметам дека е реално Северна Македонија да стане членка на ЕУ.“ заклучи Ковачевски.

Слични Објави