|

ВИДЕО: КРВАВО ВО БРОНКС – ПЕТ ЛИЦА, ОД КОИ ДВЕ ДЕЦА, СЕ ПОВРЕДЕНИ ПРИ ПУКАЊЕ НА УЛИЦА

Пет лица, меѓу кои и две деца, се повредени во пукање во Њујорк, јави „Ен-би-си“, повикувајќи се на полициски извори.Пукањето се случило нешто пред 16 часот по локално време, во Бронкс.

На видео снимките од надзорни камери се гледа како напаѓачот дотрчува до некое лице и испукува пет куршуми.Сопственикот на блиска продавница изјави дека неколку повредени се стрчале кон неговиот локал барајќи помош.

„Њујор Тајмс“ објави дека се повредени две момчиња на возраст од 10 и 14 години и една 19-годишна девојка, кои стоеле на тротоарот.

Повредените се однесени во болница и никој од нив не е во животна опасност.Полицијата трага по напаѓачот.

Извор: ТВ Стар



Слични Објави