| | |

(Видео) Љупчо Ѓоргиевски пред БНТ: Притисокот врз Бугарите во РС Македонија е тивок и невидлив, но борбата продолжува

Во гостување во утринската програма на Бугарската национална телевизија „Денот почнува“, Љупчо Ѓоргиевски, претседател на укинатото бугарско здружение во Битола, зборуваше за поддршката од бугарската држава за време и по завршувањето на судскиот процес против него.

„Бугарската држава секогаш застанувала зад мене и зад нас како здружение. Многу сум благодарен на сите бугарски институции за поддршката. Но, треба да се има предвид дека во Република Северна Македонија не сум само јас. Секој што се изјаснува како Бугарин се наоѓа во истата ситуација“, изјави Ѓоргиевски.

Тој потенцира дека пресудата не претставува пораз, туку потврда за реалноста на борбата која ја водат Бугарите во Македонија.

„Пресудата покажува дека бугарската држава стои зад секој граѓанин на Северна Македонија кој се изјаснува како Бугарин. Притисокот врз Бугарите кај нас не е спектакуларен, туку тивок и невидлив – проблеми на работа, откази… тешко се докажува, но е реален“, додаде Георгиевски.

Тој откри и дека против него се води и втор случај, поврзан со издавањето на фототипното издание на книгата „Македонска крвава свадба“ од Војдан Чернодрински, за што е обвинет за ширење на расизам.

„На 15 мај бев повикан на распит. За нив, објавата на ова дело е навреда. Обвинението е за ширење на расизам“, објасни Ѓоргиевски, додавајќи дека не знае дали го чека опасност при враќањето во земјата.

„Ќе видиме кога ќе се вратам. Се надевам дека ќе продолжиме да функционираме нормално. Со луѓето немам проблеми, проблемот доаѓа од институциите. Во Битола, граѓаните не го доживуваат ова како нешто страшно, но властите го прават“, вели Ѓоргиевски.

Во контекст на евроинтеграциите, тој потенцира дека Северна Македонија мора да ги исполни условите, меѓу кои и вклучувањето на Бугарите во Уставот.

„Патот кон ЕУ оди преку почитување на човековите права. Ние гледаме дека Бугарите во РСМ немаат основни човекови права. Ова веќе не е билатерален спор – Северна Македонија нема проблем со Бугарија, туку со ЕУ. Треба да ги исполни обврските од Францускиот предлог и Договорот за добрососедство. Првиот чекор е внесување на Бугарите во Уставот“, порача Георгиевски.

Тој најави дека по исцрпување на правните можности во Северна Македонија, ќе ги бара своите права пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Слични Објави