ПО ДЕВЕТИ ПАТ СЕ КРШАТ КОПЈАТА: ЌЕ УСПЕЕ ЛИ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ДА ГИ СМИРИ МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ДУХОВИ?!
Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања уште еднаш, овој пат во Софија, прави обид да се најде заедничко решение за историското значење на ликот и делото на Гоце Делчев. На деветата дводневна средба која во бугарската метропола започна вчера, на маса се Средниот век, Османлиската империја и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев. Ова се темите околу кои повторно се кршат копјата со оглед дека тие беа камен на сопнување и при претходните разговори меѓу членовите на комисијата, јавува Вечер.
Средбата е продолжение на претходната која се одржа во Охрид и на која се дискутираше по забелешките за учебниците по историја и усогласување на препораки за нивното подобрување, но на која сепак, не се најде решение за Гоце Делчев кој и двете страни го сметаат за своја историска личност.
Целиот напис прочитајте го овде.
