|

Меѓу жртвите и 3-годишно дете и новороденче – порасна бројот на загинати од пожарот во Валенсија

Бројот на жртви во пожарот што ја зафати станбена зграда во источниот шпански град Валенсија се искачи на десет, соопштија официјални лица.

Според Ел Паис, четирите жртви се членови на исто семејство – татко, мајка, тригодишно девојче и новороденче.

Претходно властите соопштија дека најмалку четири лица загинале, а 14 се водат за исчезнати.

Официјални лица велат дека жителите побегнале од пожарот на балконите, од каде пожарникарите спасиле неколку лица користејќи кранови. Повредените се здобиле со скршеници, изгореници и прекумерно вдишување чад.

Причината за пожарот не е позната, но некои медиуми јавуваат дека пожарот многу брзо се проширил поради материјалот користен во конструкцијата на зградата.

Не е познато колку луѓе имало во зградата во моментот на пожарот.

Големиот пожар изби на четвртиот кат од зградата во населбата Кампанар во Валенсија.

Пожарот брзо избувна и ги оштети сите 14 ката од зградата. Властите ја расчистија областа околу зградата за да избегнат загрозување на цивилите и да им го олеснат пристапот на пожарникарите и итните служби.

Слични Објави