| | |

(Видео) Мермерниот град во селото Илинденци во Бугарија

Иван Русев е сликар, скулптор и творец на Мермерниот град и скулптурниот парк во селото Илинденци, во близина на градот Сандански во Бугарија, јавува Нова тв. Тој раскажува дека идејата за овој град била да се создаде лавиринт исполнет со уметност. Изграден е под негов надзор, со помош на локалното население, во текот на 20 години. Во Мермерниот град се наоѓаат и дела на познатиот бугарски скулптор Емил Попов.

„Јас сум еден од лудите. Нека светот го движат позитивно луди луѓе“, вели Русев. Тој споделува дека негови наследници се членовите на неговото семејство. Една од нив е неговата ќерка Нина, која раскажува повеќе за самиот мермерен град. Меѓу експонатите се наоѓа и т.н. Среќен камен.

Нина е сликарка и универзитетска професорка. Таа и Иван го развиваат и Арт-центарот Илинденци.



Слични Објави