| | |

(Видео) Милотинова и Кочева пред БТВ: Скандалот со знамето беше вештачки создаден

Дали Европа навистина може да го блокира патот на Северна Македонија кон полноправно членство? Според проф. д-р Ана Кочева од Институтот за бугарски јазик при БАН и новинарката Милена Милотинова, кои беа гости во утринската програма на бугарската БТВ скандалот со знамињата е вештачки создаден.

„Овој скандал има одредена цел, но не можам да предвидам дека целата оваа приказна ќе има позитивен крај. Силјановска-Давкова и Мицкоски се две страни на иста паричка во РСМ. Како претседател на оваа република, таа ќе го задржи умерениот тон. Ги видовме прегратките и бакнежите кои таа ги разменуваше со претседателот и со потпретседателката кај нас. Потоа се разбира ескалираше оваа реторика од страна на Мицкоски и вицепремиерот Николски. Тие се актуелните гласноговорници на антибугарскиот говор во РСМ. Но, да не заборавиме дека во оваа иста влада има и вицепремиер и неговата фигура е многу клучна, а тоа е Иван Стоилковиќ – етнички Србин на кој Белград му изрази искрена благодарност што ја зазеде оваа функција и не пропушти да објави дека се надева треба да работи за доброто на Србите во Северна Македонија, но и во интерес на самиот Белград“, коментира проф. д-р Ана Кочева.

Според Милотинова, зад скандалот стојат јасни цели.

„Скопје го направи овој вештачки скандал со цел да агресира и да ги влоши односите со Бугарија. Ова влошување е по нивна вина. Според мене, сакаа да го искористат како оправдување за неспроведувањето на: Договорот меѓу двете земји, Преговарачката рамка со ЕУ и барањето за вклучување на Бугарите во Уставот, за да се оправда неспроведување на протоколите од договорот со Бугарија, кои се дел од оваа преговарачка рамка и во кои се наведени конкретни работи, вклучително и за учебниците, за запирање на говорот на омраза, за спомениците и сл. Последно, но не и најмалку важно, да ја оправдаат саботажата на Коридорот број 8, кој ги поврзува со Бугарија, бидејќи сакаат да се откажат од него за сметка на коридорот број 10, кој ги поврзува со Белград и Будимпешта. Значи играта на Скопје со Белград е јасна. Истовремено, од Брисел им било кажано дека трансферот на средства од Коридорот 10 на Коридорот 8 е невозможен. Коридорот број 8 е всушност, освен паневропски коридор е и многу важен логистички коридор за НАТО, а РСМ е земја членка на НАТО. Трето, овој вештачки скандал беше обид, иако прилично невешт, да се предизвика одреден притисок врз Бугарија однадвор. Се надеваме дека им стана јасно дека тоа е невозможно. Откако Шарл Мишел (претседателот на Европскиот совет) неделава во чист текст им кажа дека мора да ги почитуваат европските договори и правно обврзувачките документи“, рече новинарката Милена Милотинова.

Милотинова додаде дека политичарите во Скопје молчат пред јавноста, дека Преговарачката рамка е европски документ во кој вклучувањето на Бугарите во Уставот е само услов за отпочнување на преговори, во суштина во преговарачката рамка јасно е наведено дека треба да се почитуваат договорите со Софија и Атина и Протоколите кон овие договори.

„ЕК инсистира тие договори да се почитуваат. Власта во Скопје молчи за тоа и без никаква основа тврди дека Бугарија имала нови барања. Нема нови барања, условите не се бугарски, туку европски. И тие беа усвоени во 2022 година. Власта во Скопје да ја прочита донесената Преговарачка рамка, сето тоа е напишано таму. И да бидат искрени со јавноста – да им кажат на луѓето во РСМ – дали сакаат да ја водат државата кон ЕУ или кон Српскиот свет“, вели Милотинова.

Слични Објави