Немирите во септември 1923 г. се антибугарски бунт, извршен по налог на Москва
Пишува: Д-р Георги Станков
Кога бев дете, мојата генерација, како и многумина пред мене, беше идеолошки обработена со историските лаги на режимот на Бугарската комунистичка партија.
Оваа партија го наметнува своето владеење со насилство од размери какви што не се видени во поновата бугарска историја. Партијата наметнува целосен политички монопол, апсолутен недостаток на политички плурализам, целосна цензура на секое мислење надвор од комунистичката догма. Казните за прекршување на овие граници поставени од власта се движат од физички убиства, национализација на имотот, испраќање во логор или затвор (понекогаш без пресуда), до забрана за учење во универзитет за децата на „непријателите на народот“ и социјален остракизам и изолација.
Една од најчесто повторуваните лаги беше дека првото антифашистичко востание во светот се случило во Бугарија – во септември 1923 година. Оваа лага имплицираше друга – дека во Бугарија во 1923 година воопшто имало фашизам. Се разбира, ние децата тогаш не знаевме дека немало фашизам во Бугарија, но сега знаеме дека СССР се обидувал да спроведе „пролетерски револуции“ каде што било возможно и дека БКП тогаш барала начин да ги оправда немирите, организирани по налог на Москва, како и да ги осуди и оцрни своите политички и идеолошки противници од тоа време.
По 45 години перење мозоци, надополнети со 35 години наметнување носталгија по социјализмот, денес и во нашето општество има луѓе со оскудна историска, политичка и социјална култура; луѓе кои примитивно веруваат во глупости подметнати од 80 годишната пропаганда; луѓе кои ги оправдуваат, па дури и ги поддржуваат злосторствата на комунистите како нелегална антидржавна терористичка опозиција (пред 1944) и како легална насилна владејачка партија (по 1944 година). Всушност, токму на басните за „бугарскиот фашизам“ се заснова лагата (денес нашироко распространета во Северна Македонија) – дека имало бугарски фашистички окупатори итн.
Со оваа комунистичка лага ги труеле и продолжуваат да ги трујат децата во Вардарска Македонија. Но, расчистувањето на односите со соседите мора да започне со расчистување на односите внатре во Бугарија, меѓу нас, со категорично побивање и спротивставување на комунистичката пропаганда за некакво си „прво антифашистичко востание во светот“. Бугарските комунисти можат да се борат само за една прва работа – нивните лаги се како за светско првенство, но за нивна несреќа и овде не можат да ги достигнат нивните македонски другари, кои сепак измислиле цела национална историја од нула.
Значи, да бидеме јасни: немирите во сепември (1923 г. бел. уред.) се антибугарски бунт, извршен по налог на Москва. Тоа е инструмент за постигнување на странски геополитички цели и е продолжување на процесите на фрагментација и поларизација на бугарското општество кои започнале години порано. Тоа не е повод за славење, туку за жалење за поделбите и поларизацијата во нашиот политички живот, кои доведоа до крајно идеолошка и партизирана историја. ДОЛУ БКП!