(Видео) Министерството за одбрана на Бугарија му оддаде почит на големиот бугарски генерал од Охрид Крстјо Златарев
Службеници на Министерството за одбрана на Бугарија му оддадоа почит на големиот бугарски генерал од Охрид Крстјо Златарев. Церемонијата се одржа пред споменикот на генералот, кој се наоѓа на граничниот премин што го носи неговото име, јавува БГНЕС.
Учествуваа резервни офицери, членови на гардискиот дувачки оркестар, претставници на Министерството за одбрана и питомци од ВВВУ „Георги Бенковски“.
Проф. д-р Мануш Христов раскажа делови од биографијата на ген. Златарев.
„Тука бил штабот на 11-та пешадиска македонска дивизија, чиј командант бил ген. Златарев“, рече Христов, застанат пред споменикот на генералот на ГКПП Златарево.
Професорот истакна дека херојот е роден во 1864 година во Охрид. Дваесет години подоцна завршил воено образование во Софија. Се истакнал за време на Српско-бугарската војна од 1885 година, кога добил орден за храброст. За време на Балканската војна се борел кај Лозенград и Чаталџа, а подоцна учествувал во заземањето на Одринската тврдина. За време на Меѓусојузничката војна успешно одбил грчки единици кои повеќекратно го надминувале по бројност.
Во годините на Првата светска војна, 11-та македонска дивизија, командувана од Златарев, учествувала во одбраната на Дојранската позиција. По расформирањето на дивизијата во 1919 година, ген. Златарев преминал во резерва, а шест години подоцна станал една од жртвите на комунистичкиот терористички атентат во црквата „Света Недела“.
Говорот на Христов беше проследен со положување цвеќе, што се одржа под звуците на маршот „Юнаци, лека нощ“.
