ЗА ПРАЗНИКОТ СВ НИКОЛА УМС НА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ОРГАНИЗИРА ПЛАНИНАРСКА ТУРА „ОД СКОПЈЕ ДО БУДИМПЕШТА“

Забава Истакнато Магазин

Од извори блиски до портирот на Белата палата ексклузивно дознаваме дека Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во очи на големиот христијански празник Св. Никола ќе организира планинарска тура „Од Скопје до Будимпешта“. Идејата е преземена од познатата во блиското минато „Штафета младости“ посветена на доживотниот претседател и пратеник на Господ во Југославија- Јосип Броз Тито. Организаторите се надеваат да го стоплат срцето на својот почесен претседател Никола Груевски, кој во моментот се наоѓа во унгарскиот главен град, поради оправдани и допаднати на повеќе од 10 илјади луѓе на facebook причини. Уште не се знае дали учесниците во турата ќе носат со себе документи за ажурирање на членството на својот лидер. Се знае со сигурност дека првата тура ќе се одвива под слоганот „По стапките на Шефот“.