| |

(Видео) Перев за БНТ: Протестите во Скопје се длабоко шовинистички и антибугарски

„Протестите што се одвиваат во земјата се масовни и добро организирани од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините сателити. Демонстрантите немаат јасен концепт против што протестираат“, изјави Владимир Перев, редовен колумнист на порталот Трибуна за Бугарската национална телевизија.

Тој истакна дека овие протести се длабоко шовинистички, антибугарски, бидејќи се спротивставуваат на препрочитувањето на македонската историја, која досега се пишувала под влијанието на Белград.

„Тоа што Белград не можеше да го каже против Бугарија го кажуваа македонските историчари и македонската историја воопшто. Ова е 100-годишна традиција овде, особено силна по 1944 година. изјави Перев.

„На протестот се појави Ламбе Алабаковски кој го запали влезот на бугарскиот клуб и беше главен говорник на говорницата и изјави дека Договорот од Преспа, Охридскиот договор и бугарскиот и францускиот предлог се фашизам и симболично ги запали договорите“ , соопшти Перев.

Тој ја истакна исто така и позитивната улога на бугарското Министерство за надворешни работи во целина и секако неговите раководителки Захариева и Генчовска кои заедно со претседателот Румен Радев успеале да издржат на сите предизвици во однос на бугарско-македонските односи во изминатиов период.

Слични Објави