ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА – ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД ПОЛНОЌ, УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ЌЕ РАБОТАТ ДО 23:30 ЧАСОТ
Владата денеска на седница донесе одлука за скратување на полицискиот час, односно истиот да започнува од полноќ, дознава ТВ21.
Работата на угостителските објекти во отворените делови ќе биде до 23:30 часот, а со работа започнуваат и вежбалните, фитнес центрите и теретаните.
Новите мерки важат од 12 до 18 мај, а се донесени на предлог на Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, намалувањето на бројот на хоспитализирани и бројот на заразени лица.
Според новите мерки што беа предложени, полицискиот час ќе трае од 24:00 часот до 05:00 часот и се дозволува користење на годишен одмор за здравствените работници.
Ивентите и настаните ќе се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30 проценти од капацитетот на затворениот простор, а се зголемува и бројот на деца кои може да се згрижат во една група во градинките, односно од 15 на 20 деца.