|

Анима Мунди бара казна за инспекторот поради иззживување врз живо јагне (ВИДЕО)

Инспектор на Агенцијата за храна и ветерина го прекршуваат законот што треба да го споведуваат. Со вакво обвинување излегоа од здружението за заштита на животни Анима Мунди кои синоќа објавија видео снимка на која според нив „група луѓе меѓу кои и инспектор од Берово се изживуваат врз животно“.

Бараат итно покренување постапка од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, против беровскиот инспектор и трајно отстранување од вршењето на службена должност во институцијата.

-Дополнително бараме да се покрене постапка против сите овие лица кои се соучесници во овој монструозен чин, додаваат од „Анима Мунди”.



Слични Објави