Д-Р И. НИКОЛОВ: ТРИОТО ЗОРАН ЗАЕВ, ВЕНКО ФИЛИПЧЕ И ДЕН ДОНЧЕВ ГО УНИШТУВААТ ЗДРАВСТВОТО

//

„Тешко е да се наброи што се направи ова трио во изминативе неколку години“- изјави на денешната прес-конференција, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Игор Николов.

„Прекинаа готов проект за Клинички центар Мајка Тереза со обезбедени пари од развојна Европска банка, ги оставија пациентите во руинирани згради да се лечат следните 10 години, го пропаднаа концептот јавно приватно партнерство во детската кардиохирургија, спроведоа и платија бескорисни физибилити студии без некои посебни заклучоци.

Поминаа десеттина дена откако Заев и Филипче најавија дека планираат до крај на годинава да стартува изградбата на новиот Клинички центар. На повидок не e само скандал, туку најголемиот грабеж од времето на независна Македонија заедно со овој што денеска го слушаме.

Пари обезбедени, позајмени од комерцијални банки, кои се грижат само за профит, а истите ќе ги враќаат граѓаните.



Со ова Македонија ќе се фрли во поопасно должничко сценарио, а граѓаните и понатаму ќе осиромашуваат и нема да добиваат соодветна здравствена услуга.

Триото Заев-Филипче-Дончев, осиромашените граѓани ќе ги остави во наредните 10 години да се лекуваат во руинирани болници на Клиничкиот центар Мајка Тереза“- изјави уште Николов.

Претходна статија

КРИВИЧНА ЗА СТРУЖАНЕЦ КОЈ ГРАДЕЛ БЕЗ ОДОБРЕНИЕ

Следна статија

ФРАНЦУСКА ВЕЧЕР НА „ОХРИДСКО ЛЕТО“

Најново од Вести