| |

Руте: Ако Скопје не го прифати францускиот предлог, Албанија ќе ја има поддршката на останатите земји да продолжи сама по патот кон ЕУ

„Доколку Северна Македонија не го прифати францускиот предлог, Албанија ќе има поголема поддршка од другите земји сама да продолжи на патот, но се надевам дека тоа нема да биде потребно“, ова го изјави премиерот на Холандија Марк Руте, на вчерашната заедничка прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, за време на неговата посета на Холандија.

Руте изрази оптимизам дека Северна Македонија ќе го прифати францускиот предлог и нема да има потреба од поделба на двете земји на нивниот пат кон ЕУ. Холандскиот премиер истакна дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во следните чекори доколку го прифати францускиот предлог.

Меѓутоа, ако тоа не се случи, односно ако Северна Македонија го одбие предлогот, Руте нагласи дека, Албанија ќе има уште поголема поддршка од европските земји на нејзиниот независен пат кон ЕУ.

Слични Објави