(Видео) На Задушница пред бугарското воено гробиште во Цапари, битолско
Денеска на Архангелова (Војничка) Задушница се одржа комеморација на бугарските воени гробишта во село Цапари, битолско, јавува БГНЕС. На настанот освен официјалните претставници од Бугарија, беа присутни и членови на здруженија на граѓани на РС Македонија со бугарска етничка припадност, а исто така и претставници на воениот дипломатски кор, вклучително и од САД.
Во Цапари се закопани загинатите бугарски војници и офицери во битката кај врвот Црвена стена во 1917 г., нарекувана уште и „македонската Шипка.“

