(Видео) Навивачите на Ајнтрахт го уништија Неапол: Жестока пресметка со полицијата, летаат факели и камења
Навивачите на фудбалскиот тим Ајнтрахт предизвикаа сериозен хаос на улиците на Неапол пред реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против домашниот Наполи.
Приврзаниците на германскиот тим дојдоа во голем број на Сицилија да го бодрат својот клуб во борбата за пресврт (првиот меч заврши 2:0 за Италијанците), а дојде до голема тепачка со полицијата.
Како што може да се види на видеата од овој италијански град, локалната полиција морала да се повлече под налетот на голем број германски навивачи, кои во таа прилика искршиле голем број излози, а полицијата била гаѓана со столици, камења, факели.
