|

Немири во Индија поради уривање на џамија, четворица мртви

Најмалку четири лица загинаа во немири во северна Индија, откако властите урнаа џамија, тврдејќи дека е незаконски изградена, пишува Би-би-си.

Насилството избувна во градот Халдвани во провинцијата Утараханд, по операцијата за уривање џамии и други нелегални објекти. Властите рекоа дека операцијата била започната за отстранување на нелегалните структури, вклучително и џамија и соседна медреса (верско училиште).

Меѓутоа, локалните муслимани кои се молеле во џамијата сметаат дека таквиот потег е неоправдан и неправеден.

Во судирите што избувнаа вчера вечерта беа повредени стотици демонстранти и полицајци, а потврдена е и смртта на четири лица.

На видео снимките се гледа како демонстрантите палат возила и фрлаат камења, додека полицијата врз нив употребува солзавец.

Окружниот суд објави дека џамијата и медресата се урнати бидејќи биле незаконски изградени на државно земјиште и не биле регистрирани како верски објекти, а ова е трет пат во една година во Индија да има немири и протести поради уривањето на џамии, како и станбени објекти кои беа прогласени за нелегални. Минатата година индиските власти во истата провинција наредија иселување на илјадници луѓе од нелегално изградените објекти, но одлуката беше повлечена по огромните протести.

Слични Објави