(Видео) Нешков: Во Северна Македонија не го ни спомнуваат името на Бугарија, зборуваат за „источен сосед“
Во Северна Македонија не го ни спомнуваат името на Бугарија, туку зборуваат за „источен сосед“. Помеѓу Бугарија и Македонија разликата е меѓу земјата и небото, вака во утринската програма на Бугарската национална телевизија новинарот и сопственик на БГНЕС Љубчо Нешков ги коментираше односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија во контекст на претстојните претседателски и парламентарни избори во РС Македонија.
Нешков ги посоветува младите Бугари и дел од бугарските политичари да ја посетат Македонија на 3 дена и да ја разберат атмосферата, духот, политичките пораки и како функционираат медиумите таму.
„Во живо ќе видат дека длабоката држава во Македонија е Србија. Како политичката елита им служи на странските интереси, работи против интересите на сопствениот народ и како од џелатите се прават херои. Ќе видат како партија која се борела за правда сега е предводник и служи на странски интереси против нејзината независност“, вели Нешков.
