|

Гутереш: Договорот за извоз на жито треба итно да се обнови

Антонио Гутереш, генералниот секретар на ОН ги повика Русија и Украина да го обноват договорот според кој повеќе од 9 милиони тони жито беа извезени од Украина и ги намалија светските цени на храната.

Тој, исто така, ги повика другите земји, главно на Запад, да го забрзаат отстранувањето на пречките што го блокираат рускиот извоз на жито и ѓубрива.

Портпаролот на првиот човек на ОН рече дека Гутереш ја нагласил итноста од обновување на договорот со цел да придонесе за безбедноста на храната низ целиот свет.

Украина и Русија се главните добавувачи на жито во светот. Договорот што во јули го постигнаа Обединетите нации и Турција истекува на 19 ноември.

– Русија мора да види извоз на своите жита и ѓубрива на светскиот пазар, што никогаш не се случило од почетокот на договорот – рече рускиот амбасадор во ОН.

Гутереш изјави дека обновувањето на украинскиот извоз на жито од трите пристаништа на Црното Море значително придонесе за пониски цени на пченицата и другите стоки,пренесуваат медиумите.



Слични Објави