Од Скопје и Охрид ќе се лета до 48 дестинации, раст на патничкиот, пад на карго сообраќајот
Со зимскиот распоред на летови што почнува утре (30 октомври) од скопскиот аеродром ќе има вкупно 41 дестинација, до каде ќе летаат 13 авиокомпании, а на охридскиот аеродром седум редовни дестинации со четири авиокомпании. Разликата со летните распореди на летање се само сезонските летови и на скопскиот и на охридскиот аеродром.
– Скопскиот аеродром има стабилен сообраќај во текот на целата година, без големо влијание од сезонскиот сообраќај, додека охридскиот аеродром има редовен сообраќај во текот на целата година, со висок пик во летните месеци поради туристичкиот карактер на аеродромот – односно поради фактот што опслужува туристичка дестинација. За нови линии – постојано имаме состаноци и преговори со авиокомпаниите, но додека немаме официјална потврда од нивна страна, не можеме да објавиме нова авиолинија. Штом имаме, ќе ја информираме јавноста, изјави за МИА Метин Батак, генерален директор на „ТАВ Македонија”, пренесува Бизнис вести.
Во првите девет месеци од годинава на двата аеродрома има зголемување од 82 проценти на патничкиот сообраќај во однос на истиот период од 2021 година, а намалување од 9,6 проценти кај карго сообраќајот.
Целиот напис прочитајте го овде.
