(Видео) Одбележуваме 130 години од раѓањето на Цар Борис III Обединител
„10 денови од животот на Цар Борис III“ е бугарски документарен филм на авторот Иво Иванов, во продукција на ТВ+ по повод 70 годишнината од смртта на бугарскиот монарх. Цар Борис III e роден на 30 јануари 1894 г., син е на бугарскиот кнез Фердинанд и кнегиња Марија Луиза. Кнезот Борис Трновски станува цар на Бугарија на 3 октомври 1918 по абдикацијата на неговиот татко Фердинанд. На 24 години Борис станува најмладиот монарх во Европа.
За време на неговото владеење во април 1941 г. Царство Бугарија ослободува дел од Вардарска Македонија, Поморавијето и Беломорието од Србите и Грците. И покрај рестриктивните закони против Евреите, во негово време ниту еден бугарски државјанин Евреин не е испратен во логорите на смртта за време на Втората светска војна. Цар Борис III исто така не испраќа ниту еден бугарски војник на Источниот фронт. Бугарски трупи се распоредени само во регионите на Вардарска Македонија, Поморавието и Беломорието.
Цар Борис III умира на 28 август 1943 година. На богослужбата во катедралата Свети Александар Невски, се присутни роднините на царот, државни функционери и службеници, почесната гарда на бугарската армија, офицери, специјални пратеници од странство и многу обични Бугари. Посмртните останки на монархот со воз се пренесени во Кочериново, а оттаму во Рилскиот манастир, каде што е погребан. Подоцна неговиот гроб во Рилскиот манастир е преместен во дворецот Врана и е уништен од комунистите.
