|

Новиот министер Тошковски го посети пунктот за фотографирање во Пролет: Зошто не функционираат сите 12 пункта?

Новиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, ги слушна граѓаните кои му се пожалија што се доведени во состојба да се понижувани и да плаќаат за документи што уште им се важечки.

„Како во логор, чекавме и вчера 9 часа, чекаме и денес“, се некои од коментарите на граѓаните.

Тошковски денешниот работен ден го почна со посета на пунктот за промена на личните документи без закажување во ПС Пролет за лично да изврши увид во работата на пунктот и да ја утврди фактичката состојба.

Тој праша зошто повеќето од пунктовите стојат празни, на што вработените одговорија дека многу од колегите ги нема, нема доволно кадар, а тие се преоптоварени. Тој им се извини на сите присутни граѓани и порача дека ќе има решение.

„Недостига кадар, преоптоварени сме со работа“, му кажаа вработените на Тошковски.

Слични Објави