(Видео) Одбележуваме 60 години од смртта на Димитар Талев-најголемиот бугарски писател од Македонија
На 20 октомври 1966 г. умира најголемиот бугарски писател од Македонија Димитар Талев. Талев освен како книжевник се изјавувал и како уредник, главен уредник и директор на весникот „Македонија“, орган на михајловистичкото крило на ВМРО.
Димитар Талев е роден на 1 септември 1898 г. во Прилеп. Останува во историјата како најдобриот раскажувач на темата за животот на Бугарите во Македонија од неговото време и претходно. Дело на неговиот живот е Преспанската тетралогија што ги вклучува романите: Железниот светилник, Преспанските камбани, Илинден и Гласовете ви чувам.
Потекнува од занаетчиско семејство. Учел со прекини во Прилеп, Солун, Скопје, Стара Загора; завршил гимназија во Битола во 1920 година. Студирал по еден семестар во Загреб и во Виена, а дипломира Славјанска филологија на Софискиот универзитет, каде што негови професори биле врвните бугарски интелектуалци: Иван Шишманов, Јордан Иванов, Бојан Пенев, Михаил Арнаудов, Љубомир Милетич и Стефан Младенов.
Од 1927 до 1934 работи во органот на михајловистичкото крило на ВМРО весникот „Македонија“. Потоа соработува со весникот „Зора“, каде што во периодот од 1938 до 1944 г. заедно со друг голем Бугарин од Македонија- Јордан Бадев, ја раководи литературната секција на весникот.
По доаѓањето на комунистите на власт во Бугарија и окупирањето на земјата од озлогласената Црвена армија, Талев бил уапсен и затворен без судски процес и донесена пресуда. Во периодот од октомври 1944 до февруари 1948 г. Талев поминува страшни премрежја во Централниот софиски затвор, затворот во Бобов дол и логорот Куцијан. Талев е рехабилитиран од комунистите, по промената на нивните ставови во однос на македонското прашање. Димитар Талев умира на 20 октомври 1966 г. во Софиja.
Еве што кажува за овој голем бугарски писател, еден од најголемите борци за зачувување на бугарската идеја во Македонија, публицистот Панде Ефтимов (1932-2017):
