(Видео) „Олтарите на Бугариja“: Највеличествениот говор одржан во бугарскиот парламент
Најновата епизода на емисијата на Бугарската национална телевизија ,,Олтарите на Бугарија” емитувана на 31 март, 2024-та година е посветена на највеличествениот говор одржан во бугарскиот Парламент. Негов автор е тогашниот министер во бугарската Влада, македонскиот Бугарин од Битола, Никола Генадиев.
Генадиев е познат бугарски адвокат, политичар и новинар, кој бил учесник во Српско- бугарската војна во 1885 година. Одбранил докторат по право во Брисел. Бил познат политичар од Народнолибералната партија.
Неколку пати бил избиран за пратеник во бугарскиот Парламент а бил и министер за правда и министер за трговија и земјоделство во неколку влади за време на неговата политичка кариера.
Бил познат по неговите говори за време на неговата адвокатска кариера а како добар говорник се пројавува и во бугарскиот парламент како пратеник и министер. Токму на еден од неговите говори за големината на Бугарија и бугарската нација е посветена и емисијата на познатиот бугарски новинар Иво Иванов, во која сме сведоци за едно потсетување кон бугарските политичари, дека внатрешните разлики и меѓупартиски недоразбирања, не се поважни од тоа Бугарија да оди напред и да биде сериозна европска земја.
Во својот говор одржан во 1906 година во бугарскиот Парламент, Генадиев, како доказ за големината на Бугарија и бугарската нација го дава и примерот со илјадниците бугарски ученици кои тргнале три години порано да се вклучат во Илинденското востание и истите не можеле да бидат сопрени ниту од своите учители и директори.
Пламениот говор на овој познат бугарски политичар е прекинуван на повеќе пати од бурните овации на бугарските пратеници.
Слушнете го говорот на Никола Генадиев во видеото што следи:

