(Видео) Панихида за цар Самоил, отслужена од бугарскиот патријарх Даниил во сослужение со митрополити и епископи на БПЦ
Бугарскиот патријарх Даниил, во сослужение со митрополити и епископи на Бугарската православна црква, отслужи панихида за цар Самoил во базиликата „Света Софија – Премудрост Божја“ во Софија. Богослужбата се одржа пред положувањето на посмртните останки на владетелот во саркофагот, во присуство на државниот врв, свештенството и граѓани.
