(Видео) Перев: Груевски го претвори терминот „Македонец“ од регионален идентитет во национален идеал

//

„Во времето на Тито, Бранко Црвенковски и Киро Глигоров, а да не зборуваме за Љубчо Георгиевски, луѓето зборуваа за нивните предци како Бугари. Груевски го претвори „македонското“ од територијална дефиниција во национален идеал од највисоко ниво. Глупавите „антички“ статуи го направија Скопје еден вид европски Дизниленд. А дел од македонскиот плебс, дури и образовани луѓе, се кренаа да го бранат македонскиот национален архетип од античко време до денес.”, oва го изјави новинарот Владимир Перев за Euronews Bulgaria.

„Треба да се сфати дека антибугаризмот има длабоки корени во Македонија. Македонизмот е резултат на една политика. Антибугаризмот започна со српската окупација за време на Балканските војни. Но, речиси до доаѓањето на Груевски на власт, и од моментот кога Македонија не беше примена во НАТО поради грчкото вето, започна хистерија против секој што не се гордее со своите македонистички корени.

Посетата на Христијан Мицковски на Унгарија не е изненадување. Некој од раководството на ВМРО-ДПМНЕ секогаш во некоја прилика оди во Будимпешта и секогаш се среќава со екс-премиерот Никола Груевски, кој не може да дојде во земјава, вели Перев.

Средбите со Виктор Орбан се средби со речиси единствениот антиевропеец, што е изненадување за многу луѓе и во Европа и во Македонија. Станува збор за средба со лидер кој ќе го поддржи сето она што некако го нарушува единството на Европската унија, објаснува новинарот.

Деновиве Груевски излезе со објава на Фејсбук, која ја објавија сите македонски медиуми. Тој пишуваше за неговата „херојска борба против бугаризацијата на Македонија“, за времето кога бил водач и како се бореле за зачувување на вредностите од 2 август 1944 година, за македонизмот. Мое мислење е дека Груевски не е ниту писмен, ниту едуциран за да може да пишува толку детално и да има таков фактографски арсенал. Но, и ова писание беше вклучено во големиот хор на антибугарски манифестации во Македонија, вели Перев.



Исто така, не е изненадување што, според Груевски, „Бугарија сака да создаде втора бугарска држава на Балканот“. Но, ако се случи такво нешто, не е ниту страшно, ниту навредливо – со оглед на протоколите од 2 август 1944 година. Ова е нормален процес – кој денес би можел да каже дека Кипар е нешто поразлично од грчката држава, или дека Кипарците не се Грци, прашува Перев.



Претходна статија

(ФОТО) На Пандов му текна да ја смени „бугарската“ капа

Следна статија

БСП го враќа мандатот, Бугарија ќе оди на четврти избори во 15 месеци

Најново од Вести