|

(Видео) По земјотресот, пистата на аеродромот во Турција поделена на половина

По силниот земјотрес, кој го погоди југоисточниот дел на Турција, пистата на аеродромот „Хатај“ буквално е преполовена, пишуваат локалните медиуми.

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди синоќа Турција и Сирија. Стотици загинати и илјадници луѓе беа повредени во двете земји.

Бројот на загинати во Турција во моментот е 284, а повредени се 2.323 лица, изјави на прес-конференција потпретседателот Фуат Октај.

„Ројтерс“ јавува дека 70 лица загинале во провинцијата Кахраманмараш, каде што е епицентарот на земјотресот, заедно со 20 лица во Османије, 18 во Шанлиурфа, 14 во Дијарбакир и 13 во Адијаман.

Во Сирија загинаа најмалку 237 лица, а 639 се повредени, јави сириската државна новинска агенција САНА повикувајќи се на официјален претставник на Министерството за здравство.

Вкупниот број на загинати во Турција и Сирија сега е најмалку 521, пренесуваат локалните медиуми.

Слични Објави