| |

(Видео) Почесна чета составена од потомци на бежанци од Егејска и Вардарска Македонија зеде учество во прославата за Илинденско-Преображенското востание во Софија

Почесната чета на НД „Традиција“, здружението „14-ти пешадиски Македонски полк“ и Национално здружение „Ајдути“ зедоа учество во централната прослава по 120-тата годишнина од избувнувањето на Илинденско-Преображенското востание во Софија. Ова за порталот Трибуна го соопшти директорот на Регионалниот историски музеј во Благоевград д-р Кирил Алексиев.

„Речиси 95 % од учесниците во прославата од нашите редови се потомци на бежанци од Егејска и Вардарска Македонија. По повод годишнината од избувнувањето на Илинденско-Преображенското востание од името на Здружение 14-ти пешадиски Македонски полк и НД Традиција му подаривме на бугарскиот претседател Румен Радев военен нож, а тој ни подари специјална монета“, вели д-р Алексиев.

Директорот на РИМ Благоевград додаде дека групата на НД „Традиција“, здружението „14-ти пешадиски Македонски полк“ и Национално здружение „Ајдути“ биле облечени во оригинални комитски униформи и носеле со себе оригинални оружја од времето на востанието.

„Го носевме со нас и знамето на охридските востаници“, вели д-р Алексиев во изјавата за Трибуна.

Слични Објави