| | |

(Видео) Почина големиот бугарски патриот и антикомунист проф. д-р Никола Алт’нков

Синоќа, на 10 август 2025 година, почина бугарскиот историчар и антикомунист проф. д-р Никола Алт’нков. Ова го соопшти на својата страница на Фејсбук последниот издавач на неговите трудови, бугарскиот поет, преведувач и публицист Румен Леонидов, пишува Фактор.бг.

Проф. д-р Никола Алт’нков е роден во 1932 година во Софија. Лежел во затвор и во логорот за политички затвореници во Белене. 3,5 години бил трудовак. Во 1963 година дипломирал англиска филологија на СУ „Св. Климент Охридски“.

Во 1965 година емигрирал од Бугарија.

Доктор по историја од Калифорнискиот универзитет во Санта Барбара и професор на истиот, магистер на уметности од Институтот за странски науки во Монтереј. Член на Академијата за политички науки во Њујорк од 1984 година и на почесното социолошко друштво „Делта Тау Капа“ од 1975 година. Претседател на Бугарскиот национален фронт во САД со почесен претседател Иван Дочев. Автор на 6 книги во Америка, на трудови по историја, политологија, социологија и економија.
Во 1995 година се враќа трајно во Бугарија.

Во 2018 година го издаде својот голем труд „Историја на БКП 1919 – 1989“. Истата година побара од обвинителството да ја распушти БСП како злосторничка и антинародна формација.

Тимот на порталот Трибуна изразува сочувство на семејството и блиските на проф. Алт’нков. Бог да го прости!

Во продолжение можете да го погледнете последното гостување на проф. д-р Алт’нков во подкастот „Словоред“ на Георги Драганов:



Слични Објави