(Видео) Полицискиот хеликоптер исфрли над 25 тони вода, локализиран пожарот во општина Илинден
Денеска Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар кај селото Бучинци, општина Илинден, го упати хеликоптерот Бел-212 и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран, извести МВР.
Хеликоптерот Бел-212 врз пожарот исфрли над 25 тони вода, додаваат од МВР.