ВИДЕО: ПОТВРДЕН ПРВ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА

Регистриран е првиот случај на заразен со коронавирус на Клиниката за инфективни болести во Скопје, потврди министерот за здравство Венко Филипче.

„Пациентката е позитивна за вирусот Ковид-19. Нема простор за паника. Епидемиолошките анализи укажаа дека таа веќе еден месец била во Италија. Веќе две недели е болна и иницијално се третирала во Италија, но таму не била тестирана за коронавирус и директно се упатила кон Инфективната клиника во Скопје откако пристигнала. Не претставувала опасност да ја пренесе болеста“, изјави Филипче на прес-конференција во Владата.