(Видео)Проф. д-р Ангел Димитров: РС Македонија не сака да работиме повикувајќи се на историските принципи
РС Македонија не покажува желба да работиме повикувајќи се на историските принципи на науката историја. Нема ниту едно историско сведоштво, во кое да се зборува за постоење на македонски народ, македонска држава и за тоа дека Самоил и македонски цар. Ова го изјави претседателот на бугарската страна од Мешовитата комисија за историја Ангел Димитров во интервју за БНТ.
Димитров истакна дека од политичарите, а не од историчарите зависат односите меѓу двете земји, истакнувајќи дека историчарите се тие кои им помагаат на политичарите да ги разберат корените на современите проблеми.
Во однос на иднината на историската комисија Димитров истакна дека колку и таа да не дала некаков плод, го собира вниманието на општеството и во двете земји.

