Организаторите на саемот во Солун покажаа голем интерес кон бугарските компании
Заврши саемот во Солун, каде Бугарија беше почесна земја, јавува БНР.
Посетата на премиерот Николај Денков го сврти вниманието на голем дел од грчките медиуми.
Организаторите на саемот во Солун известуваат за исклучително голем интерес за бугарските компании од високотехнолошкиот сектор. Бугарската палата ја посети и премиерот на Бугарија академик Николај Денков, кој се сретна со изложувачите и го истакна високото ниво на билатералните односи со Грција:
„На политички план односите се прекрасни. На економски план, исто така, има значителен напредок со отворањето на електричната линија, со гасниот интерконектор. Во разговорите со премиерот Мицотакис, едногласни сме дека има многу што да се направи во однос на коридорите од југ кон север. Ќе имаме трилатерална средба со романскиот премиер и грчкиот премиер во Бугарија, а потоа ќе разјасни од каде очекуваме да поминуваат коридорите и што ќе вклучуваат истите“.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис од своја страна во опширниот говор пред учесниците на изложбата ја истакна важноста на соработката меѓу Бугарија и Грција во областа на енергетиката.